Аплицирај
Табови
Упатство за онлајн апликација

Почитувани,

Во прилог е апликацијата за упис на Меѓународен Славјански Универзитет. Преку апликацијата можете да аплицирате за упис на еден од нашите четири факултети.

  • Факултет за економија и организација на претприемништво
  • Факултет за психологија
  • Факултет за технички науки и информатика
  • Факултет за правни науки

Во апликацијата од Вас ќе бидат побарани податоци за Вашето досегашно образование, како и за студиската програма на која сакате да се запишете. Доколку не сте сигурни како да пополните некое поле, внесете го одговорот што е најсоодветен според Вас – дополнително може да направиме корекција. Нашите вработени можат да направат дополнителни корекции на апликацијата и по поднесувањето, но Вие самостојно нема да можете да менувате податоци во апликацијата.

Ве молиме внимавајте на податоците за контакт – телефон и електронска пошта, бидејќи истите ќе ги користиме за да можеме да Ве контактираме за уписот.

Апликацијата од Вас ќе побара документи (свидетелства, дипломи), но доколку сè уште ги немате подготвено, не е задолжително да ги прикачите во оваа фаза.

После успешното поднесување на Вашата апликација очекувајте да бидете контактирани во наредните неколку денови за да добиете инструкции како да продолжите со уписот. Потребните документи за упис можете да ги донесете во терминот за упис кој ќе го договорите со нашите вработени.

Вашиот пат кон универзитетското образование започнува овде. Ви посакуваме успех и Ви благодариме што го избравте Меѓународен Славјански Универзитет!

Доколку имате дополнителни прашања Ве молиме стапете во контакт:

  • Свети Николе: studentski@msu.edu.mk
  • Битола: bitola@msu.edu.mk